Од продавачот побарајте возилото да го прегледа технички експерт. Конечно возилото што го купувате, а кое воопшто не е евтино, мора да е технички исправно и безбедно за вас и за сите корисници и учесници во сообраќајот.
Наш совет е детален т.н. “X-ray преглед” на возилото, кое сигурно ќе чини, но сигурно помалку од следните услуги за поправка и дополнителното губење на време како и други непријатности. Деталниот преглед, според претходно познати податоци може да се направи кај овластен сервисен центар од страна на производителот.
Брзиот преглед не дава доволно информации за оценување на квалитетот на користеното возило кое имате план да го купите, исполирана површина, измиени стакла, чиста внатрешност … посебно не влијаат на техничката исправност на возилото и безбедно возење и не може да гарантира дека нема да ве остави на “половина пат”.
Ова е навистина темелен преглед на автомобилот со што јасно ќе добиете објективна слика за состојбата на автомобилот што сакате да го купите.
Се разбира дека продавачот ќе ви понуди цена која нему му одговара. Сепак, дали цената ви одговара и вам по извршениот детален преглед и тест возењето?
Ако возилото ве интересира, а цената која се бара е премногу висока, побарајте независна цена која може лесно да се одреди по исцрпен технички преглед од страна на овластен сервис или проценител.