Fairauto

Совет за проверка на квалитет на возилата

Проверете го квалитетот и карактеристиките на возилото

Пред да се донесе конечна одлука за купување на автомобил кој ви одговара на можностите, желбите и потребите, ќе биде неопходно да се направи нешто друго. Навистина треба да се провери возилото темелно, по можност во присуство на експерт кому му верувате.
Посветете доволно време, во спротивно ќе мора тоа да го направите подоцна, кога го носите автомобилот на сервис и ќе плаќате висока цена за поправките.

Првиот впечаток и пробно возење

Не потпирајте се на првите впечатоци од интересни автомобили: полирани однатре и однадвор, со релативно мал број на изминати километри и без сертификати за квалитет на автомобилот.
Најдете време за детален преглед и тест на автомобилот. Направете тест возење со возилото што сакате да го купите на соодветна оддалеченост и проверете дали има видливи оштетувања. Отворете го капакот на моторот и погледнете дали има траги од моторно масло, непознато тело, ‘рѓа, итн.
Проверете, исто така, дали има разлики помеѓу елементите на возилото: на пример, ако моторот не е покриен правилно или вратата не се затвора добро, тоа е резултат на лошо монтирање или материјални оштетувања.
Потоа треба да направите проверка на внатрешноста. Тапацирот на седиштето, тепихот, управувачот и менувачот, истрошеноста на патосниците и рестартирањето на компјутерот, проверете го и долниот дел на автомобилот, пневматиците, итн. Сите овие индикатори укажуваат на состојбата на возилото и точноста на информациите за изминати километри . Кај поскапите возила со најнова технологија “враќањето на километри” е речиси невозможно, додека кај постарите модели кои се на пазарот, неинформираните клиенти лесно можат да се излажат. Проверете ги сите светла, индикатори, вклучување/исклучување на светла, стакло, системите за греење, инструменти, предупредувачки светла и други електрични уреди. Убедете се во сопственоста на возилото, регистрацијата, сервисната книшка, документ за хомологација, полиса за осигурување, зелена карта. Не прифаќајте фотокопирани документи.
Никогаш не се одлучувајте на прв поглед за возилото, направете тест возење за да бидете сигурни во возењето на автомобил и неговото управување, “однесувањето” на патот, исправноста на моторот, работата на системот за сопирање, итн.
Тест возењето може многу да каже за состојбата на возилото:

  • Проверка на стартувањето. Тоа треба да се случи уште при првото завртување на клучот.
  • Проверка на сопирачките со рацете и нозете. Ногата треба веднаш да реагира и сопирачките не треба да квичат. Пробајте нагло сопирање (блокирање).
  • Проверете дали управувачот реагира на секое завртување, бидејќи тој не смее да има т.н. “ празен од “. Кога возите право напред и по тргнување на раката од управувачот проверете дали автомобилот останува во насоката на возење.
  • Промената на степените на менувачот мора да биде без проблеми

Ваков детален преглед на состојбата на возилото дава доволно информации за возилото доколку сте заинтересирани, а особено ако цената е интересна. Затоа пред да донесете конечна одлука за набавка на користено возило подложете го на детален преглед од страна кај овластен сервисен центар од страна на производителот .