Fairauto
ПРОВЕРЕНИ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ

Зошто Fairauto?

Исцедениот лимон е можеби првото нешто на што помислувате кога ќе ја слушнете фразата “користен автомобил”.

Знаете, ова е еден од оние автомобили што ги купил вашиот сосед и поминува повеќе време со него кај механичарот отколку на патот. Затоа ние го создадовме FAIRАUTO.
Секој автомобил на нашиот лагер е темелно прегледан и кога ќе го видите имате чувство дека се работи за ново возило. Голем дел од автомобилите доаѓаат со сеуште важечка фабричка гаранција па можете да бидете релаксирани.

  • FAIRАUTO е заштитена трговскa марка на користени автомобили
  • Секое возило е контролирано во над 100 точки
  • Се гарантираат поминатите километри – со современи компјутерски и дијагностички апарати се влегува во централата на возилото и се исчитува реалната состојба на километрите
  • Сопственост на возилото – последниот корисник често не е последниот сопственик на возилото, оваа “документација” FAIRАUTO ја решава за Вас.

 

ПРОЦЕНКА на половните автомобили

Кога се купува ново возило сопствениците на многу користени возила се наоѓаат во ситуација да го продадат стариот автомобил. Во FAIRAUTO нудиме унифицирана, слободна, детална, необврзувачка процена на вашиот стар автомобил. Откупуваме користени автомобили, а можеме вашиот стар автомобил да го откупиме во замена за друг користен автомобил.
Откупувањето на користените возила е уште една можност како брзо и без дополнителни компликации, сé на едно место, лесно да се продаде возилото, да се направи купопродажен договор и истото да се одјави (заборавете на авто-пазар во недела, огласување, јавување по телефон и сл).

Во FAIRAUTO се вработени специјализирани советници за продажба на нови и користени возила кои ќе го проценат вашиот користен автомобил.

Голема база на податоци, богата понуда на проценети возила, прецизно и точно означување на сите податоци вклучувајки и број на изминати километри, датум на прва регистрација, популарност на моделот на локалниот пазар, дополнителна опрема, сервисна книшка, потребна доработка на возилото како и останатите параметри се гаранција за квалитетот на проценката на вредноста на вашето возило.

МАРКИ НА ВОЗИЛА НА ЛАГЕР

НАШИ ПАРТНЕРИ