Совети за купувачите

Совети за купувачите
Пред да купите користен автомобил треба добро да размислите:
Размислите првенствено за какви потреби го купувате автомобилот: сопствен превоз (работа, патување, купување...), за службени или други цели, како и колку пари сте подготвени да издвоите за него. Од ова зависи видот на возилото кое ќе го изберете.
Секако во одлуката мора да се земат предвид  трошоците кои ќе настанат подоцна:  финансиски трошоци, осигурување, а особено трошоците за одржување, кои секако не се мали, особено кога староста на возилото е поголема.

 

Каде да купите користен автомобил?

И за ова исто така треба да се размисли двапати. Денес, лесно може да се купи користен автомобил, скоро на секој агол. Најчесто прометот со користени возила се одвива на авто-пазар, преку реклами во весници, со посредство на мали фирми и поединци продавачи.
Купувањето користени автомобили е безбедно кај овластените дилери на автомобили кои технички ќе ги проверат возилата и ќе дадат безбедносни гаранции. Така отпаѓаат можните непријатности автомобилот повеќе да биде на поправка отколку на улица.
Посебни проблеми не би требало да има кога купувате возило од познаник, особено ако се познава автомобилот, како бил одржуван и какво е неговото минато.
Кога се купува од други понудувачи треба да се биде внимателен.

 

Сте се одлучиле да купите користен автомобил

Ако одлучите да купите автомобил од пријател или познаник, отпаѓаат двоумењата за квалитетот и проблемите после продажбата бидејки го познаваш автомобилот и како тој бил одржуван.
Истото важи и за купување кај овластен продавач.
Поинаку е кога автомобилот го купувате преку оглас или на авто-пазар каде што се појавуваат непознати продавачи или неовластени мали посреднички  фирми. Вакви купувања има сеуште многу, па купувачоите на овие возила имаат најмногу проблеми подоцна.
Пред сé ви советуваме ако не сте стручњак да поведете со себе познаник кому му верувате. Не им наседнувајте на советите на пријателот на продавачот кој го “ потврдува “ квалитетот на возилото. Пред да изберете возило што се поклопува со вашиот вкус, побарајте некои основни информации. Пред се распрашајте се за:
• Колку години има автомобилот (година на производство, што е видливо од сообраќајната дозвола)
• Колку километри има поминато (никогаш не се потпирајте на километрите од мерачот на километри , затоа што во многу случаи, пред продажбата на возилото километрите се намалени), колку сопственици имало возилото (најдобро е да купите возило од прв сопственик) 
• Дали автомобилот бил многу оштетен и дали се поправени важни делови (промена на моторот, виталните делови, итн), продавачите не смеат ова да го чуваат во тајност
• Проверете дали возилото е сервисирано редовно во сервисната книшка
Сомнително е ако некој продава релативно нов автомобил, а веќе е трет или четврт сопственик. Таквото возило може да биде украдено или има некој поголем проблем.
Прво, на сите се препорачува да не се купуваат возила од продавачи кои не се сопственици на возилото, кои немаат сервисни книшии, кои го продаваат на име на роднина, пријател и сл, бидејќи нивната продажба  "не држи вода". Во овие случаи не препорачуваме да се купи овој автомобил.

 

Склучување договор
Вие сте одлучиле да го купите избраното користено возило, сте ја договориле цената, по што следи склучување на договорот. Купопродажниот договор може да го подготви една од двете страни, најчесто се користи оданпред подготвена форма. Продавачите обично имаат писмен договор (општи услови на продажба, кои се дел од договорот) подготвен однапред и кој ви го понудуваат за потпис: Ако потпишете, тоа значи дека се согласувате со целата содржина. Ве советуваме, пред потпишувањето на договорот внимателно да го прочитате и да размислите. Ако не се согласувате со содржината, или некои од елементите ви се нејасни или неразбирливи веднаш побарајте појаснување од продавачот и побарајте во договорот да направи измени и дополнувања. Треба да бидете свесни дека усни ветувања, доколку тие не се дел содржината на писмен договор, продавачите немаат обврска да ги исполнат.
Во договорот избегнувајте текстот од типот на "со потпишувањето на овој договор Купувачот станува сопственик на возилото во точка ... и го зема под негова сопственост и владение од продавачот. Сите рекламации  во однос на квалитетот на возилата, итн продавачот не ги признава." Оваа ставка се третира како "видено-купено" и ја исклучува одговорност на продавачот или на посредникот  на продажбата на користениот автомобил.
Во овој случај советуваме дополнување на договорот каде ќе се наведе дека  исклучување на одговорноста не се однесува на премолчените грешки. Побарајте од продавачот да ве запознае со сите поважни информации за "историја" на возилото (сообраќајни незгоди, поголем дефект на моторот, итн) и сето ова внесете го во договорот: колку е подетален текстот на договорот толку ќе биде подобро за вас при следните можни рекламации. Доколку продавачот експлицитно налага да се наведе во договорот тоа и нека го стори. На пример, дека автомобилот не бил вклучен во сообраќајна незгода и не бил оштетен, моторот не е оштетен, дека не се изменети изминатите километри, итн. Законот предвидува дека договорните одредби за исклучување или ограничување на одговорноста за секоја грешка да се неважечки, доколку грешката била позната на продавачот, а за неа не бил запознат купувачот. Ако продавачот не е подготвен да ги почитува вашите забелешки, кои се оправдани, добро размислете дали е мудро да потпишете таков договор.
Договорот мора да ги содржи следниве одредби:
• предметот на договорот (детални податоци за тип возило, година, боја, идентификациски број, сериска и дополнителна опрема)
• цена на автомобилот
• услови на плаќање и
• дополнителни белешки побарани од страна на купувачот за состојбата на возилото.

Бидете особено внимателни доколку купувате автомобилот од посредник. Ве советуваме да избегнувате такви купувања. Во овој пример, на купувачот обично пишува договор со агенти "непосредно" со продавачот, којшто не го познава. Посредникот не превзема никаква одговорност за продадениот автомобил, којшто подоцна може да го изненади купувачот. Ние ве охрабруваме да барате потпишување на договор директно со сопственикот на возилото.

 

Почитувајте ги предупредувањата на полицијата

Пред потпишување на договорот ве советуваме повторно да проверите:
• дали ја имате целата потребна документација и дали е веродостојна
• податоци кои се запишани во документите соодветствуваат со фактичката состојба на / во возилото (возило боја, тип на мотор, мотор зафатнина и моќност, каросерија, опрема во однос на модел и година на производство на автомобилот)
• податоци за бројот на шасијата и ако податоците се земени од сообраќајна дозвола или од други документи. Проверете ги, исто така, сите места каде што има броеви на шасијата (обично печатени под капакот на моторот, исто така, на етикетата со фабрички податоци)
• дали се фалсификувани броевите на шасијата (забелешка на можно оштетување или видливи траги на поправка во непосредна близина)
• ако возилото е оштетено интересирајте се каде е поправано побарајте ја сметката за поправката и за резервни делови
• По купувањето погрижете се за пренос на возилото, а потоа платете го.

 

Гаранција за возило

Се разбира, при купување користен автомобил е исто така важно прашање е и гаранција за истото. Во денешниот напредок на технологија и силната конкуренција се почесто се случува продолжување на гарантниот период за отстранување на евентуални недостатоци или грешки. Се повеќе и повеќе гаранции за правилно функционирање на користени автомобили даваат продавачи (помалку поединци). Во тој поглед овластените продавачи на автомобили имаат значителна предност од другите и тоа секако треба се земе во предвид. Давање на гаранции значи дека автомобилот е претходно добро проверен, дека се отстранети евентуалните грешки и дека се гарантира непречено и сигурно функционирање на возила.
Побарајте  продавачот правилно да ја пополни сервисната книшка, и дури ако  претходниот сопственик или агент за продажба самиот даде гаранција, сепак побарајте писмена гаранција за потврда на гаранцијата. Побарајте ја гаранциската книшка, дури иако продавачот ви каже дека гарантниот рок е истечен, затоа што прозводителот има обврска неколку години по истекот на гаранцијата да врши сервисирање на возилото и продажба на резервни делови за истото. Исто така важно е и правилно попoлнета сервисна книшка затоа што давателот на гаранцијата или услугата често е условена валидноста на оваа гаранција дека услугите направени во овластен сервис центар.
Доколку при дефект на вашето користено возило во гаранција овластениот сервис не може да го набави резервниот дел, во тој случај обратете се до пазарната инспекција, затоа што сервисот е должен да го набави резервниот дел.
 
При помала поправка купувачот има право да побара продолжување на гарантниот период за време додека автомобил бил во сервисот односно додека не може да го користи. Ако поправката траела подолго време, гарантниот период за поправеното возило започнува од датумот на враќање на возилото. Се разбира, постои гаранција за работата, доколку е заменет само тој резервен дел.

 

Превземање на возилото

При превземање на возилото од голема важност е внимателно да проверите дали сите информации во договорот соодветствуваат на податоците со кои ве запознал продавачот, а кои произлегуваат од неговата документација. Бидете сигурни дека возилото ја поседува целата дополнителна опрема, првенствено побарајте ги сите клучеви (како и резервниот клуч). Најчесто кражби на овие користени автомобили се случуваат кога продавачот не ги предал сите клучеви на новиот сопственик туку резервниот го поставил на некое дискретно место ( зад ретровизорот, во светлата ...) и ја искористил поволната ситуација за да го украде возилото.
Ако сте направиле сé како што треба, тогаш ви посакуваме удобно и пријатно возење.

 

Top