Детален преглед на возило на старо

Задолжителен детален преглед на возилото пред да го купите

Од продавачот побарајте возилото да го прегледа технички експерт.  Конечно возилото што го купувате, а кое воопшто не е евтино, мора да е технички исправно и безбедно за вас и за сите корисници и учесници во сообраќајот.
Наш совет е детален т.н. "X-ray преглед" на возилото, кое сигурно ќе чини, но сигурно помалку од следните услуги за поправка и дополнителното губење на време како и други непријатности. Деталниот преглед, според претходно познати податоци може да се направи кај овластен сервисен центар од страна на производителот.

 

Што содржи деталниот преглед на возилото

Брзиот преглед не дава доволно информации за оценување на квалитетот на користеното возило кое имате план да го купите, исполирана површина, измиени стакла, чиста внатрешност ... посебно не влијаат на техничката исправност на возилото и безбедно возење и не може да гарантира дека нема да ве остави на "половина пат".

 

Деталниот преглед на возилото, т.н. "X-ray - зраци" ги подразбира следниве испитувања:

1. преглед на каросеријата, шасијата и ентериерот: се определува квалитетот на надворешните површини на возилото, шасијата, бојата, издувни гасови, стакло, евентуални оштетувања, последиците од лошо одржување, корозија, функционирање на прозорците, вратите, панорамски покрив, брави, внатрешноста на каросеријата се прегледува со посебни инструменти кои утврдуваат корозија и деформација на внатрешноста, контрола на сите механизми во внатрешноста на автомобилот, тапацир на вратите, на покривот.

2. Преглед на системот за ладење: во нормални услови на функционирање на возилото се контролира системот за ладење, вентили, цевки, ладилник, сигурносен вентил, квалитетот и состојбата на течноста за ладење, термостат, вентилатор, итн
3. Снабдување со гориво: преглед на системот за напојување со гориво, читање на грешки (release), цевки, приклучоци, резервоари, пумпи, итн 
4. Електричниот систем: во нормални услови на работа се врши преглед на акумулаторот, напон, состојба и ниво на електролити, системот за греење и ладење, бришачи, светла;
5. Управување: електронската проверка на геометрија на подвозјето, способност и сигурност, истрошеност и испусти, конектори, пружини, гарнитури, амортизер, преглед на серво управувачот;
6. Мотор: преглед на надворешните делови на моторот со цел утврдување на оштетувања и истрошеност, носачи на моторот, идентификација на евентуални пукнатини и истечување на течност за ладење или масло, електронско тестирање на моторот под различни оптоварувања, бучава и емисија на издувни гасови. Доколку е потребно, може да се направи и ендоскопска контрола на моторот;
7. Пренос: преглед на менувач и диференцијал, полуосовини и осовини, манжетни, оштетувања, истекување на масло, итн;
8. Систем за сопирање: преглед на оперативни способности на системот за сопирање (ножна и рачна сопирачка), ниво на масло во главниот цилиндар, функционирање на серво системот со блокирање на тркалата, хидраулични цевки, вентили и испуштење на масло, квалитет на маслото за сопирање, и кочница на линија, поставата, дискови и прстени, мерење на сопирањето на одделните тркала;
9. Тркала и пневматици: Преглед на адекватноста на гуми, внатрешност и истрошеност, доколку е потребно, да се изврши и оптика на тркала
10. Тестот возење: по сеопфатен преглед е потребно да се направи и тест возење во нормални услови на возење за да се одреди нивото на бучава, моторот, функционирање на прекинувачи и пренос, брзина на менување степени, сопирање, управување, видлива емисија на моторот, предгреење на моторот, функционалност на инструмент таблата, итн.

Ова е навистина темелен преглед на автомобилот со што јасно ќе добиете објективна слика за состојбата на автомобилот што сакате да го купите.

 

Цената на автомобилот?

Се разбира дека продавачот ќе ви понуди цена која нему му одговара. Сепак, дали цената ви одговара и вам по извршениот детален преглед и тест возењето?
Ако возилото ве интересира, а цената која се бара е премногу висока, побарајте независна цена која може лесно да се одреди по исцрпен технички преглед од страна на овластен сервис или проценител.

Top